Скопје, 15 април, 2010 година

Во посета на Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам денеска престојуваше заменик амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, господинот Герт Кампман. Амбасадорот беше информиран за активностите, достигнувањата, но и за проблемите со кои се соочува управата во своето работење.
На високиот гостин од Холандија му беше презентиран и начинот на функционирање на целокупниот систем за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во Република Македонија.