
Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (тогашна Дирекција за спречување на перење пари) почна да функционира во март 2002 година, само неколку месеца откако за прв пат проблематиката на спречување на перење пари во Република Македонија правно е регулирана со донесувањето на Законот за спречување на перење пари во август 2001 година.
Основна задача на нашата институција е финансискиот мониторинг, односно следењето на патот на парите и спречувањето нелегалните пари да бидат вклучени во легалните финансиски текови, како и откривањето и спречувањето на финансирањето на тероризмот.
Во јануари 2008 година нашата институција добива статус на правно лице во состав на Министерството за финансии на Република Македонија, и го менува називот, од Дирекција за спречување на перење пари во Управа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.