Почетна
  • насловна
  • линкови
  • контакт
  • мапа на сајтот
Почетна
Навигација
  • Насловна
  • УСППФТ
  • Регулатива
  • Соработка
  • Субјекти
  • Статистика
  • FATF - упатства
  • ЛИСТИ НА ТЕРОРИСТИ
  • Архива
  • Професионално усовршување
  • Информатор за субјекти
Прирачник

годишен извештај за 2009

Прирачник

Национална стратегија

Вкупно посетители:





















СООПШТЕНИЕ

Скопје, 27 ноември 2009 година

Република Македонија, во своите настојувања за полноправно членство во Европската Унија, континуирано работи на исполнувањето на критериумите и стандардите што ги бара од нас унијата.
Една од нив е и обврската на финансиските институции за вршење на засилена анализа на политички експонираните лица. Истата произлегува од Европската Директива 2005/60/EC – Директива за превенција на употреба на финансискиот систем за целите за перење пари и финансирање на тероризам, и Комисиската Директива 2006/70/EC - со која се утврдуваат мерките за спроведување на Директивата 2005/60/ЕC на Европскиот Парламент и на Советот во врска со дефиницијата за „политички изложено лице“ и техничките критериуми за поедноставени постапки за процена на корисникот и за изземање врз основа на финансиска дејност која се врши повремено или на ограничена основа. Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам следејќи ја европската норматива, ги имплементира овие директиви во Измените на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, чие донесување е во процедура.
Деновиве е актуелизирана темата дека некои банки при воспоставување на деловен однос со клиентите, бараат од нив да пополнат формулар за политичката изложеност на клиентот.
УСППФТ го поздравува овој чекор на банките и нагласува дека начинот на засилена анализа на политички експонираните личности е прашање на деловна политика на банките, кои тие го уредуваат со свои интерни акти.

contact@usppft.gov.mk