Грција не соработува дури ни против перење на пари и финансирање на тероризам!
Управата за спречување перење на пари во моментов работи на десетина големи случаи од секој дел од бизнисот каде голем дел од сомнителните трансакции се вршеле пред 2, 3, 5 години, кога лицата биле третирани како ВИП-клиенти од банките. Се очекува разврска на случаите за 6 месеци до една година. Директорот на Управата, Цветанов, за Вечер вели дека до август мината година имале само 26 извештаи за сомнителни трансакции. По прес-конференција дека банките не соработуваат, до крајот на годината добиле 80 извештаи за сомнителни трансакции. Во една банка констатирале низа неправилности и таа банка е санкционирана со 40.000 евра прекршочна казна. Се ажурираат и меѓународните листи на лица кои финансираат тероризам или се бараат како терористи!