Мадрид, 14 – 21 јуни 2009 година
Повеќечлена делегација на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, Царинската Управа и на Централниот регестар, од 14 до 21 јуни оствари студиска посета на Кралството Шпанија, при што реализира бројни контакти со претставници на соодветните шпански институции.
На средбата на директорот на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам Ване Цветанов со директорот на Инстутитот за фискални студии во Мадрид, Хозе Мариа Азгона беше изразено задоволство од досегашниот тек на Твининг проектот меѓу двете институции.