Почетна
  • насловна
  • линкови
  • контакт
  • мапа на сајтот
Навигација
  • Насловна
  • УСППФТ
  • Регулатива
  • Соработка
  • Субјекти
  • Статистика
  • FATF - упатства
  • ЛИСТИ НА ТЕРОРИСТИ
  • Архива
  • Професионално усовршување
  • Информатор за субјекти
Прирачник

годишен извештај за 2009

Прирачник

Национална стратегија

Вкупно посетители:





















СООПШТЕНИЕ

Скопје,31 јули 2009 година

Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам ќе санкционира 4 банки со глоба во вкупна вредност од 60.000 евра, поради непочитување на законските обврски.

  • Прочитај повеќе
ОД ИНТЕРВЈУТО НА ДИРЕКТОРОТ НА УСППФТ – ВАНЕ ЦВЕТАНОВ ЗА МАКЕДОНСКОТО РАДИО

Скопје,25 јули 2009 година

Директорот на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, Ване Цветанов, во интервју за емисијата Радио Спектар на Македонското Радио истакна

  • Прочитај повеќе
Започна реализацијата на проектот за национална база за разузнавачки податоци

Скопје, 21 јули 2009 година


“Ова е уникатен проект во регионот и пошироко затоа што значи поврзување на сите институции кои имаат овластувања во истрагата. Со воспоставувањето на овој проект по принципот на работа на Интерпол и Европол, институциите ќе можат директно да пристапат до податоците кои се од нивни интерес“, истакна, меѓу другото, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по повод денес одржаната седница во МВР, на Управниот одбор на проектот за воспоставување на Националната разузнавачка база на податоци (НРБП). Наедно, како што потенцираше министерката Јанкулоска, која е и претседател на Управниот одбор на ова ново тело, токму Националната база за разузнувачки податоци е еден од проектите коишто значат исполнување на дополнителен критериум за членство на Република Македонија во ЕУ.

  • Прочитај повеќе
ПЕРЕЛЕ ПАРИ ФИНАНСИРАЈЌИ ПОЛИТИЧКИ КАМПАЊИ

ЊУ ЏЕРСИ – САД, 24 ЈУЛИ 2009 ГОДИНА


Американското федерално истражно биро (FBI), уапси денеска во сојузната држава Њу Џерси 44 локални политичари, државни службеници и рабини, кои се теретат за перење пари, корупција, а во еден случај и за трговија со човечки органи.

  • Прочитај повеќе
ОТКРИВАЊЕТО НА ДЕЛОТО ПЕРЕЊЕ ПАРИ ОД СТРАНА НА МВР ЗГОЛЕМЕНО ЗА 33%

Скопје, 24 јули 2009 година

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија го задржа позитивниот тренд во откривање на дела од класичната корупција во текот на оваа година, односно регистрирано е зголемување на бројот на откриени дела за 25 %, споредено со истиот период минатата година.

  • Прочитај повеќе
Семинар на тема „Казнено-правна рамка на перењето пари“

Струга, 14 јули 2009 година

Институционалната соработка и координација во борбата против финанискиот криминал и управувањето со конфискуваниот имот се дел од темите на семинарот „Казнено-правна рамка на перењето пари“ што од денеска до четврток се одржува во Стругаbr>
Експерти од Шпанија и Бугарија ќе ги пренесат своите искуства во делот на санкционирањето, истражните мерки и проучувањето на практичните случаи.

Семинарот, што го организира македонската Управа за спречување на перење пари и финансирање тероризам, е наменет за судиите, јавните обвинители, финансиската полиција и вработените во Управата за јавни приходи и Царинската управа.

Модератори се директорот на Управата Ване Цветанов и Гонзало Гомез де Лиањо од Институтот за даночни студии при шпанското Министерство за економија и јавни приходи.

  • Прочитај повеќе
УСППФТ потпиша меморандум за меѓународна соработка со Финансиско разузнавачката единица (ФИУ)-Португалија

Скопје, 14 јули 2009 година

Ова е 29-ти меморандум за соработка кој што Управата го има потпишано. Потпишувањето на овој меморандум е потврда на големата ангажираност и посветеност на Управата во борбата со спречувањето на перење пари и финансирањето на тероризам на меѓународно ниво.

За целите на унапредување на меѓународната соработка, Управата презеде активности за подготовка и потпишување на меморандум со ФИУ-Јапонија, ФИУ-Белорусија и ФИУ-Нигерија.

  • Прочитај повеќе
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА УСППФТ

Скопје, 10 јули 2009 година

До Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, во периодот од 1 јануари 2009 до 30 јуни 2009 година, доставени се вкупно 128 извештаи за сомнителни активности, од кои 73 извештаи се пристигнати од банките.
Управата, согласно законските обврски постапи по сите пристигнати Извештаи При што:
До Надлежните институции доставивме 64 известувања под сомнение дека е сторено кривично дело од областа на економско – финансискиот криминал и 14 извештаи под сомнение дека е сторено Кривично дело „перење на пари„.
Компаративно со резултатите од минатата година, бројот на примени и доставени известувања, односно извештаи од страна на УСППФТ е зголемен за приближно 5 пати.

  • Прочитај повеќе
« прва‹ претходна123456789…следна›последна »
Syndicate content
contact@usppft.gov.mk