Почетна
  • насловна
  • линкови
  • контакт
  • мапа на сајтот
Навигација
  • Насловна
  • УСППФТ
  • Регулатива
  • Соработка
  • Субјекти
  • Статистика
  • FATF - упатства
  • ЛИСТИ НА ТЕРОРИСТИ
  • Архива
  • Професионално усовршување
  • Информатор за субјекти
Прирачник

годишен извештај за 2009

Прирачник

Национална стратегија

Вкупно посетители:





















ДИРЕКТОРОТ НА СРПСКАТА УПРАВА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ ВО ПОСЕТА НА УСППФТ

Скопје, 22 април 2010 година


Делегација на Управата за спречување на перење пари на Република Србија, предводена од директорот Александар Вујичиќ оствари работна посета на УСППФТ.

  • Прочитај повеќе
ЗАМЕНИК АМБАСАДОРОТ НА ХОЛАНДИЈА ВО ПОСЕТА НА УСППФТ

Скопје, 15 април, 2010 година


Во посета на Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам денеска престојуваше заменик амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, господинот Герт Кампман. Амбасадорот беше информиран за активностите, достигнувањата, но и за проблемите со кои се соочува управата во своето работење.
На високиот гостин од Холандија му беше презентиран и начинот на функционирање на целокупниот систем за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во Република Македонија.

  • Прочитај повеќе
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА УСППФТ – АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕТО

Скопје, 07 април, 2010 година


Директорот на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, Ване Цветанов и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски, потпишаа Меморандум за сорабока на двете институции.
Меморандумот претставува рамка во која ќе се одвива понатамошната соработка меѓу УСППФТ и Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

  • Прочитај повеќе
ЕДНОГЛАСНО ПОДРЖАНА ПОТРЕБАТА ОД ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ

Скопје, 23 март, 2010 година


Собранието на Република Македонија на својата деведесет и осма седница, едногласно го донесе Заклучокот за потреба од изменување и дополнување на Законот за спречување на перење пари, други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам.

  • Прочитај повеќе
ПЛЕНАРЕН СОСТАНОК НА МАНИВАЛ КОМИТЕТОТ

Стразбур, 15-18 март, 2010 година


Од 15-18 март во Стразбур, се одржа 32от Пленарен состанок на Манивал комитетот при Советот на Европа, под водство на новиот председател г-дин Владимир Нечаев. За првпат од одржувањето на состаноците на комитетот, Република Македонија беше избрана за земја репортер (Reporting country), чија задача беше да го анализира извештајот за напредокот на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во Литванија, и да даде финално мислење дали Прогрес извештајот да биде усвоен од страна на комитетот.

  • Прочитај повеќе
ПОЧНА ОБУКАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МЕНУВАЧНИЦИТЕ

Скопје, 10 март 2010 година


Од денеска, Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам почнува со серија обуки на вработените во субјектите задолжени да превземаат мерки и дејствија за превенција против перењето на пари и финансирање на тероризам.
До крајот на месецов секојдневно ќе се одржуваат предавања, на кои ќе бидат обучени вработените во 240 менувачници од целата земја.
Во наредните месеци обуката ќе ја посетат и околу 360 вработени во друштвата за застапување во осигурувањето, давателите на услуги брз трансфер на пари, брокерските куќи, друштвата за управување со инвестициски фондови, агенциите за недвижности, казината и од здруженијата на граѓани.

  • Прочитај повеќе
ОБУКА НА СУБЈЕКТИТЕ

Скопје, 22 февруари 2010 година


Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам од март ќе почне серија обуки на вработените во субјектите задолжени да превземаат мерки и дејствија за превенција против перењето на пари и финансирање на тероризам.
Целта на обуките е подобро запознавање на вработените во субјектите со законските обврски и светските трендови во оваа област.

  • Прочитај повеќе
ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА MONEYVAL

Стразбур 11 декември 2009 година


На пленарниот состанок на MONEYVAL комитетот при Советот на Европа, што се оддржа од 7 до 11 во Стразбур (Франција), беше избрано ново раководство и нови членови на Бирото на MONEYVAL.

  • Прочитај повеќе
« прва‹ претходна123456789…следна›последна »
Syndicate content
contact@usppft.gov.mk