|
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
Скопје, 1 јули 2009 година Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам потпиша Меморандум за соработка со единицата за финансиско разузнавање на Велика Британија. Потпишувањето на меморандумот претставува уште еден чекор напред во одличната соработка на двете земји на полето на борбата против организираниот криминал.
ИНТЕРВЈУ НА ДИРЕКТОРОТ НА УСППФТ ВАНЕ ЦВЕТАНОВ
Скопје, 30 јуни 2009 година Македонија е на добар пат да се справи со организираниот криминал воопшто, вели директорот на УСППФТ, Ване Цветанов.
ДЕЛЕГАЦИЈА НА УСППФТ ВО МАДРИД
Мадрид, 14 – 21 јуни 2009 година Повеќечлена делегација на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, Царинската Управа и на Централниот регестар, од 14 до 21 јуни оствари студиска посета на Кралството Шпанија
Посета на I2 конференција во Англија
Скопје, 19 јуни 2009 година Во периодот од 15 до 16 Јуни, во организација на Проектот за зголемување на капацитетите на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, поддржан од Британска Амбасада, представници на Управата учествуваа на 17-тата по ред годишна конференција во Виндзор, Велика Британија, организирана од страна на компанијата i2 Limited.
Семинар на тема “Борба против корупцијата “
Скопје, 18 јуни 2009 година УСППФТ учествуваше на Regional Meeting на Transparency International на тема Борба против корупцијата кој се одржува во Охрид од 15 – 17 Јуни 2009.
ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ - ПРЕД ЈАВНОСТА
Скопје, 12 јуни 2009 година Во изминатава година Управата интезивно работеше на подготовки за измена и дополнување на постоечкиот закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. За таа цел беа ангажирани најдобрите Европски експерти кои работат на оваа проблематика, за да дадат свој коментар за постоечкиот закон.
ПОТПИШУВАЊЕТО НА МЕМОРАНДУМИ ЗА СОРАБОТКА СО ТУРЦИЈА И СО ОАЕ - ОБЈАВЕНО НА WEB ПОРТАЛОТ AML – CFT
Веста за минатонеделното потпишување на Меморандуми за соработка на УСППФТ со единиците за финансиско разузнавање на Турција и на Обединетите Арапски Емирати, што беше реализирано на годишното собрание на EGMONT во Доха (Катар), ја пренесе и веб – порталот AML – CFT (http://aml-cft.blogspot.com/2009/06/macedonia-signs-agreements-on-money....).
ПЕРАЧОТ ОД СИМЕНС - НЕДОСТАПЕН ЗА ГРЧКИОТ СУД
Атина, 29 мај 2009 година Грчкиот суд денеска издаде меѓународна потерница по поранешниот финансиски директор на претставништвото на германската фирма Сименс – Кристос Каравелас, кој е еден од првообвинетите во аферата за корупција и перење пари во која се замешани високи претставници од грчкиот политички живот. |






